Кристијано Роналдо стана првиот европски играч кој постигна 90 меѓународни голови. 34-годишниот репрезентативец во вторникот вечерта четирипати се запиша во листата на стрелци на дуелот од квалификациите за Европското првенство против Литванија, што значи дека му требаа вкупно 160 натпревари за да го постигне овој рекорд.

Интересно е што Роналдо постигна гол на средби против дури 40 светски репрезентации. Тој е единствениот фудбалер кој има такво постигнување. На листата на овие 40 земји, не е и нашата Македонија.