Финската одбојкарска репрезентација која е прв противник на Македонија на утрешниот старт на европското првенство во Словенија, ќе има огромна поддршка од трибините. Според информациите околу 2000 финаски фанови денеска и утре пристигнуваат во Љубљана да им дадат поддршка на своите одбојкари.

„Апсолутно тоа е прекрасна вест. 2000 фински навивачи доаѓаат тука за да не охрабрат. Потребна ни е доверба и кога знаеме дека 2000 луѓе патуваат до тука за да нè поддржат, тоа навистина ни помага. Не случајно се вели дека тие се нашиот седми играч на теренот. Кога навивачите навиваат и се сплотуваат со тимот, тоа навистина ги принудува играчите да дадат се од себе и тоа е она што ни треба“, вели селекторот на финската репрезентација, Жоел Банкс.