Бесарт Абдурахими е нов член на словенечкиот прволигаш Браво. Станува збор за тим кој сега влезе во „елитата“, и доаѓа од Љубљана.

Абдурахими веќе неколку дена тренира со овој тим, и вчера го стави потписот на договорот. Тој досега настапуваше за романски Херманштад.

„Среќен сум што станав дел од овој тим. Ќе дадам се од себе да и помогнам на екипата да ги исполни целите. Системот на игра го запознав на пријателскиот меч со Истра. Ми одговора начинот на игра и верувам дека брзо ќе се вклопам во екипата“, вели Абдурахими.

Абдурахими е екс репрезентативец. Игра на десната крилна позиција.