За првиот настап на европското првенство, коментар побаравме и од либерото на нашата репрезентација, Дарко Ангеловски.

„Првиот сет пресуди. Имавме водство, одигравме добро, но го загубивме. Загубивме во еден навистина тежок меч. Миславме дека ќе биде полесен меч, но излезе многу тежок. Сервираа многу добро, во последниот сет паднав малку и психички и физички. Сега не очекува Турција, ќе биде тешко, но кој знае. Треба да покажеме на терен дека сме добри. Мораме да го победиме тој страв од победа“, вели Ангеловски.