Главна тема во летниот преоден рок беше кам-бекот на Нејмар во Барселона. По завршување на истиот Бразилецот не успеа да ја оствари својата желба остана во ПСЖ.

Сепак каталонскиот гигант нема да се откаже од Нејмар, ова го потврдија од клубот.

„Се додека Нејмар има желба да се врати ќе сториме се да го оствариме тоа. Работите во фудбалот се менуваат. Нејмар е посебен играч, затоа не се прилагоди во Париз. Направи грешка кога си замина, самиот призна. Ќе видиме што ќе се случи, но ќе се потрудиме да го вратиме“, изјави директорот на Барселона, Хавиер Бордас.

Кам-бекот на Нејмар ќе дојде добро во редовите на Барселона. Лионел Меси долго време посакува вистинско засилување во нападот.