Работнички го донесе и третиот американски кошаркар во своите редови. Откако претходно ги потврди Крис Кокли и Лесколт, нов играч на „црвено-белите“ е Двејн Бенџамин. Се работи за познато има во македонската кошарка затоа што имаше извонредна сезона во Блокотехна, а минатото лето беше цел на МЗТ Скопје, но тој одбра да ја продолжи кариерата во чешкиот Пардубице. А Работнички беше решен да го врати Бенџамин во Македонија и преговорите вродија со плод. По само една сезона во Чешка, кошаркарот ја смени средината и го облече дресот на клубот од „Градски парк“.

Инаку тој е поранешен член на австралиски Бакс од Гералдтон, а има играно за колеџот Орегон, како и во данскиот Бакен Берс.

Да потсетиме дека како кошаркар на Блокотехна, Бенџамин беше избран за најкорисен кошаркар во БИБЛ-лигата за натпреварувачката сезона 2017/2018.