Легендарниот Арсен Венгер има нова работа. Французинот не се враќа како тренер, туку ќе стане дел од ФИФА, ќе биде советник.

Нема официјална потврда која ќе биде неговата вистинска функција. Според „New York Times“ ќе биде задолжен за подобрување на стандардите на тренирање во светот.

Венгер од Арсенал си замина во 2018 година откако мина 22 години како менаџер. По заминувањето се појави на неколку телевизии како фудбалски аналитичар и најави дека одново ќе го видиме на терените.

Сепак ова нема да се случи, барем засега тој во следниот период и официјално ќе биде дел од ФИФА.