Македонија запиша пораз на првиот историски меч на Европското првенство кое се одржува во Словенија. Нашите одбојкари имаа шанси против Финска, за жал не ги искористија, на крајот беа поразени со 3-1.
Иако стартот не е од соништата сепак овие момци не се откажуваат утре против Турција ќе бркаат прва радост на континенталното натпреварување:
„Мислам дека тактички многу не надиграа, имаа двоен блок. Не знам дали се подготвиле подобро, дали е до искуството. Жалам, Финска не беше подобра од нас, блокот функционираше подобро. Бевме поразени поради глупави грешки.
Но, тоа е што е, во првиот сет ги имавме тие глупави грешки и тоа во завршницата, вториот изгледаше дека сме подобри но лесно не добија, третиот го добивме, а потоа следеа пак грешки“, изјави  Филип Деспотовски кој беше главен виновник што Македонија успеа да го добие третиот сет.
Репрезентативецот испрати порака до Македонците.
„Македонската јавност нека навива за нас, сите сме добри момци, нема да ве разочараме. Дуелот со Труција ќе биде поинаков, подговени сме да одиграме нов добар меч“.