Една од најконтроверзните личности на европскиот фудбал Пауло ди Канио после долго време даде интервју за италијанските медиуми и зборуваше за сагата околу Мауро Икарди, кој после долги перипетии го напушти Интер и отиде на позајмица во ПСЖ.

Икарди заедно со сопругата Ванда Нара предизвика многу контроверзии минатата сезона, а играчот беше пред трансфер во Наполи, но на крајот заврши во ПСЖ.

Зошто Анчелоти би сакал играч како Икарди во Интер? Некој кој не е способен да им се извини на соиграчите поради зборовите на својата сопруга?“, се запраша Ди Канио кој продолжи:

А од техничка страна… Освен што не е модерен напаѓач, тој е кукавица. Мауро дава голови само после центаршутеви. Тој е неспособен да направи било што друго. На Карло му е потребен креативен напаѓач како Мертенс. Никогаш не се ракува со соиграчите, па дури и кога ќе даде гол. Тоа што замина во ПСЖ не ме изненади затоа што тој клуб е природно живеалиште за недисциплинирани егоманијаци“, додаде Ди Канио.