Наполи и неговиот тренер Карло Анчелоти со остри зборови го искритикуваа Властите на Неапол на начинот на кој се врши ремонтот на стадионот „Сан Паоло“. Првиот човек Де Лаурентис после долги преговори со градските власти успеа да издејстува датум за отпочнување на реконструкција на стадионот кој е во лоша состојба, но и покрај ветувањата дека тоа ќе биде направено во најбрз рок, се уште се доцни. Цело лето помина, а се уште се работи на стадионот, па Наполи првите два натпревари против Фиорентина и Јувентус ги играше во гости. Следуваат дуели од Лигата на шампионите, а Наполи ќе биде принуден да игра на други терени. Анчелоти е шокиран од тоа што го видел на стадионот.

Ја видов состојбата во соблекувалните на „Сан Паоло“ и останав без зборови. Го прифатив барањето на клубот првите два натпревари сезонава да ги играме на домашен терен за да можат градежните работи да завршат како што е ветено. Но тоа се уште не е направено. Не можам да верувам. Луѓе градат куќа за два месеци, а овие за тој период не можат да ги обноват соблекувалните! Каде да ги играме натпреварите против Сампдорија и Ливерпул?“, грми искусниот тренер.

Изнервиран сум од непрофесионалноста и несериозноста на оние кои се нафатија да ја работат оваа работа. Гледам непочитување и недостаток на грижа за тимот, клубот и градот. Разочаран сум“, вели Анчелоти.