По подолго време во Македонија доаѓаат познати тренерски имиња. КФСМ заедно со здружението на тренери се погрижија тоа да бидат познати имиња. Душан Ивковиќ и Октај Махмути ќе ги едуцираат нашите тренери за време на задолжителниот тренерски семинар, кој е закажан за 21 и 22 овој месец и ќе го носи името Лазар Лечиќ. Првиот ден ќе биде резервиран за Ненад Труниќ, професор од Белград.

Ивковиќ за првпат доаѓа во Скопје како гостин на еден семинар, причината е позната, претседеталот, Перо Антиќ со кого имаше соработка во Олимпијакос.

Махмути пак по вторпат ќе биде дел од тренерските семинари, во времето на Даниел Димевски беше во напиот главен град, тогаш семинарот се одржа во старата сала „Јане Сандански“.

За време на семинарот ќе му биде доделено специјално признание на Лазар Лечиќ.

21.09.2019
Проф. НЕНАД ТРУНИЌ

9.00-10.15 -„Кошарка во иднината и основни белешки за планирање на тренинг во млади категории“
10.30-11.45 -„Обучување на двочекор, контрола на топка и основни движења во кошарката.“
12.00-13.15 – „Индивидуална техника и тактика на додавање, дриблинг, работа на нозе и финтирање.
13.15-14.00  – Кошаркарски судија или делегат – ДИСКУСИЈА

ПАУЗА
ЛАЗАР ЛЕЧИЌ – 15.00-15.15
ДУШАН ИВКОВИЌ – 15.15-16,30 – Слободна тема – Дискусија
ОКТАЈ МАХМУТИ – 16.45-18.00 – Слободна тема – Дискусија

22.09.2019
Проф. НЕНАД ТРУНИЌ

9.00-10.15 -„Обука и усовршување на техника на шутирање“
10.30-11.45 -„Обука на основни одбранбени вештини низ специфични вежби“
12.00-13.15 -„Приказ на мини-баскет тренинг“
13.30- 14-45 „Приказ на тренинг за У12 возраст