Попладнево, 17:30 часот, македонската машката одбојкарска репрезентација ќе се соочи со Финска, на стартот на групата Ц во премиерата на Европското првенство во Љубљана.

Овој термин всушност може да го резервирате за одбојка во следната седмица со оглед на тоа дека со исклучок на еден меч, сите средби од групната фаза Македонија ги игра во овој термин.

Нашите одбојкари се „преплатени“ за раниот термин, па така освен натпреварот со Белорусија во 4. коло од групата Ц во Љубљана, кој го игра од 20:30 часот, сите останати натпревари ги игра во 17:30 часот.

Сите натпревари од ЕП на Македонија ќе имаат и директен телевизиски пренос на националниот сервис.

РАСПОРЕД ГРУПНА ФАЗА ЕП 2019
1.КОЛО (12.09.2019)
Финска – Македонија 17:30ч.
2. КОЛО (13.09.2019)
Македонија – Турција 17:30ч.
3. КОЛО (14.09.2019)
Македонија – Русија 17:30ч.
4. КОЛО (16.09.2019)
Белорусија – Македонија 20:30ч.
5. КОЛО (17.09.2019)
Словенија – Македонија 17:30ч.