Тоа е Диего. Денеска ветува нешто, а веќе утре тоа не важи. Имено новиот тренер на Гимназија Ла Плата, најслабиот тим во Првата лига на Аргентина, во понеделникот на промоцијата вети дека секој ден ќе доаѓа на тренинг.

Не сум волшебник, дојдов овде да работам. Немам намера да  отсуствувам на ниту еден тренинг, иако некој новинар – идиот ќе тврди поинаку“ рече Марадона.

Но, утредента големиот Диего го немаше на тренинг. Не се знае причината за тоа негово отсуство. Секако дека тоа беше знак за новинарите во Аргентина да се запрашаат што е со Диего.

На сите гадови: Моето отсуство беше договорено со претседателот на клубот, а кога сите својата работа би ја вршеле подобро и за нашата земја ќе биде подобро“ им врати Диего на новинарите, кои потенцираа дека тој не го одржува своето ветување.