Кристијано Роналдо кон крајот на месец август за време на доделување на наградите за најдобри во Монако го покани Лионел Меси.

„Никогаш не сме биле заедно на вечера, се надевам дека во иднина ќе го направиме тоа“, изјави Роналдо.

Меси одлучи да одговори на оваа покана две недели подоцна.

„Не знам дали ќе имаме шанса за таа вечера поради нашите обврски кои ни го диктираат животот, немаме премногу слободно време. Но, сигурно ќе ја прифатам неговата покана“, рече Меси.