Газдата на Реал Мадрид Флорентино Перез, има идеја како да го урне светскиот рекорд по посетеност на еден тениски натпревар. Тој им доставил предлог на Рафаел Надал и Роџер Федерер, следната година да одиграат егзибициски меч на „Сантијаго Бернабе“ и тоа пред 80.000 гледачи.

Шпанецот веднаш го прифатил, сега се чека „ДА“ и од Швајцарецот. Ова го пишува „АС“, кој притоа напоменува дека досегашниот рекорд, по број на гледачи на еден тениски меч, го држи дуелот меѓу Серена Вилијамс и Ким Клајстерс во Брисел, на кој имало 35.000 фанови. Интересно е тоа што, пред овој евентуален меч во Мадрид, Надал и Федерер ќе се сретнат во Африка и тоа пред 50.000 гледачи.