По освојувањето на третата шампионска титула во Светскиот Куп на ФИНА во ултра серијата на маратони, Евгениј Поп Ацев денеска беше свечено пречекан од Националната пливачка фередација. Притоа му беше врачено посебно признание за афирмација на пливањето и на Македонија како држава.

Претседателот на федерацијата Александар Филипчев посочи дека тие како федерација се горди на успесите на Поп Ацев.