По поразот од Финска, први коментари за играта и дебитантскиот настап на европските првенства и од нашите одбојкари. Ристо Николов смета дека овој пораз треба брзо да се заборави.

„Во секој сет ги имавме топки кои требаше лесно да ги решаваме. Се надевам до утре ќе го заборавиме овој меч и ќе биде подобро против Турција. Финците не не добија лесно, бидејќи се измачија за секој нивни поен. Сега треба да бидеме стабилни, тука сме искусни играчи кои минаа сезони во европски лиги и ќе го заборавиме овој пораз. Овде индивидуалната игра не е битна. Одигравме добро сите, но да не направевме некои основни грешки, ќе победевме.“