Светското првенство во Кина добива нов тек, откако двата најголеми фаворити за освојување на тронот Србија и САД беа елиминирани во четвртфиналето.

Во полуфиналето на Мундијалот место обезбедија Австралија, Аргентина, Франција и Шпанија.

Обложувалниците ги подготвија новите коефициенти за оние кои сакаат да типуваат на конечниот победник. Според „Моцарт“ најголем фаворит е Франција (2,7), зад неа е Шпанија (3,0), следува Австралија (4,0) и најмали шанси и се даваат на Аргентина (8,0).

Полуфиналето се игра утре, Шпанија ќе игра против Австралија, додека Аргетина против Франција.