По освоените четири бодови, реми во Бер Шева и победа во Рига, Македонија ќе напредува две места на ФИФА листата. Како што велат прогнозите, напата најдобра фудбалска репрезентација на 19 септември, значи следниот четврток, ќе осамне како 69-та фудбалска сила во светот. И натаму останува тагата по тие два бода во Израел, секако дека со двете победи ќе бевме уште подобро пласирани. Но и ова е добро, посебно ако се знае дека во март 2017 година бевме и на 166 место на листата. Но оваа селекција и овој селектор Игор Ангеловски, успеаја да ја дигнат за речиси 100 места. Само така нека продолжат.