Денеска почнува европското одбојкарско првенство и уште една понуда за обложување. На ова првенство ќе дебитира и македонската репрезентација, а првиот ривал е Финска кој е апсолутен фаворит за победа, а тоа го зборуваат и коефициентите за победа – КТ 1 (1,22) и Хенд.сет 1 (1,50). Нашите момци се оптимисти и расположени за добар настап, но ајде да бидеме реални, ќе биде чудо ако успееме да победиме.

Во првото коло Бугарија, Русија, Италија, Словенија и Франција ќе забележат сигурни победи, а бидејќи квоите за победи им се мали потпрете се на игрите со хендикеп сетови и поени.

СЛОВЕНИЈА 1

ДОМЖАЛЕ – МУРА

Домжале има големи проблеми со своите редови, а тоа се рефлектира и на резултатите. Освои само два бода во претходните пет натпревари, па не можеме со сигурност да кажеме дека ќе ја победи Мура која е подобра затоа што во истиот период собра 11 бодови (само еден пораз). Пробајте малку голови.

АЛЖИР 1

СЕТИФ – МАГРА

Сетиф кој е популарен во Алжир лошо ја почна сезоната но време е тоа да се промени против Магра. По три кола Сетиф има само еден бод, а би било лошо за домашните ако не го победат довчерашниот второлигаш. Ако не верувате во единица, пробајте 0-2.

БРАЗИЛ 2

ПОНТЕ ПРЕТА – ВИЛА НОВА

Две екипи кои негуваат тврд фудбал. Интересно за Вила Нова е што сите 13 натпревари во новата сезона ги одигра во рамките на 0-2 гола, а Понте Прета само еднаш во претходните девет натпревари одиграла 3+. И последните три меѓусебни дуели завршија со мал број на голови.

ЛШ – ЖЕНИ

Денеска се играт и другите натпревари од 1/16 финалето во женската Лига на шампионите. Ова е нашиот избор за денеска.

ФИОРЕНТИНА – АРСЕНАЛ         3+

АНДЕРЛЕХТ – ШУМКЕНТ            1

БРАГА – ПСЖ            1+I&2+II

ВЕНЕЦУЕЛА 1

КАРАБОБО – ЗАМОРА

И двете екипи нанижаа три победи со што потврдија дека се расположени за фудбал, па иако меѓусебните дуели им се неефикасни, сепак, веруваме дека сега ќе има барем 2-3 гола или ГГ. Пробајте и единица.

МИНЕРОС – ТРУХИЉАНОС

И овде ви препорачуваме ГГ затоа што и двете екипи играат напаѓачки фудбал, а не се грижат премногу за дефанзивата. Ова може да се каже дека е дерби на колото затоа што Трухиљанос е прв со скор 5-1-2, а Минерос е четврти на табелата со скор 3-4-1.