Стефан Спировски и официјално е промовиран како нов фудбалер во Хапоел Тел Авив. Трансферот беше реализиран за време на гостувањето на репрезентацијата во Израел, а Спировски потпиша договор на три години.

„Среќен сум што дојдов тука. Слушнав многу убави работи за градот и за клубот. Се надевам дека заедно ќе ги постигнеме целите. Со нетрпение чекам да играм на стадионот и да се запознаам со навивачите“, рече Спировски на промоцијата.

Тој доаѓа од тимот на Ференцварош каде што играше од 2017 година па до летово.