Ништо ново кога станува збор за бизарностите во Русија. Од таму ни доаѓаат навистина некои чудни информации, но следната е навистина екстра бизарна.

Хокејашкиот второлигашки клуб Иштал во минатото коло покренал една нова традиција. Имено играчот кој неговите соиграчи ќе го одберат за најдобар во тоа коло, добива подарок – калашњиков. Првиот кој ја доби оваа награда е голманот Кононов, кој на мечот со Чељабинск, неговиот тим победи со 3:2, брилјираше на голот.

Тоа го има само во Русија…