Очите на фудбалската јавност во нашата земја и натаму се вперени кон Тетово, кон Шкендија. Секако дека со нетрпение се очекува одлуката на раководството на шампионот за тоа на кого ќе му ја даде довербата да седне на клупата. Досега се лицитираше со три „сиурни“ имиња, како Бруно Акраповиќ Илир Даја и Томислав Стипиќ.

Но, изгледа дека никој од овие тројца нема да биде наследникот на Ќатип Османи. Затоа во последните два дена, едно друго име излегува на површината и тоа како прв „пик“. А тоа е Јетон Беќири, стратегот на Струга Трим Лум. Тој е еден од нашите најдобри тренери, се чини во овој момент вистинско решение за „разнишаната“ Шкендија. Беше во клубот во два наврати, ги знае играчите, на голем дел им беше тренер, ги знае многу добро приликите во мак-фудбалот. Нашите информации велат дека со него е разговарано, но за ова секако дека се прашува и Струга Трим Лум. Беќири има договор со стружани.

Јасно е дека ова е време кога не треба Шкендија да експериментира со тренери како што тоа некогаш беше. Треба проверено име, име кое знае како да ги среди состојбите во тимот и се разбира да ја донесе третата по ред или четвртата титула вкупно на Шкендија. А Беќири тоа го може.