Таткото на шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов навести дека неговиот син наскоро ќе се повлече од ММА борбите.

Нурмагомедов го одржа својот рекорд на непобедливост во УФЦ 242 против Дастин Порие, победувајќи го „Дијамантот“ во третото коло и достигнувајќи до рекорд од 28 победи.

Неговиот следен натпревар е во подготвителна фаза. Се договараат потенцијалните битки со Тони Фергусон или Жорж Сен Пјер, но ништо не е официјално потврдено во оваа фаза. На прашањето за иднината на неговиот син, Хабиб Абдулманап посочи дека неговата последна борба би можела да се случи наскоро.

„За Хабиб, бројката од 30-0 е доволна за ММА“, рече тој.

Пред само неколку дена, Конор МекГрегор изјави дека сака реванш против Хабиб во Москва.