Чешка ја совлада Полска со 84-94 (23-23, 12-20, 28-11, 21-30) во битката за петото место ќе игра против Србија која претходно беше подобра од САД.

Хрубан со 24 и Саторански со 22 поени беа најефикасни кај победникот, во редовите на Полска, Вачински имаше 22 поени.

По изедначената прва четвртина (23-23) во која Чешка имаше негатива од девет поени, победникот од овој дуел одигра одлично во следниот период. На полувремето Чесите имаа 35-43.

По 37-48, Полска почна да ја топи позитивата на противникот дојде на минус еден пред стартот на решавачките десет минути 63-64. Полјаците постојано беа близу, на момент го вратија она почетно водство, но никако не успеваа да ја превземат целосната контрола.

На крајот Чешка сосема заслужено се радуваше на триумфот, отпорот на Полска го разби со серија од 12-3 за 82-90 на 24 секунди до крајот.