Вардар во сабота ја почнува одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Прв противник на европскиот првак е Монпеље, тим кого минатата сезона „црвено-црните“ исто на стартот го совладаа на гостински терен, а доминацијата ја потврдија и во вулканот „Јане Санданки“.

Експедицијата на Вардар ќе мора да смени два авионски лета, Скопје – Истанбул – Марсеј. Во Монпеље се очекува да пристине околу 19 часот, по краток одмор Давид Писонеро и неговите момци ќе го одржат првиот тренинг.

Во составот на македонскиот тим ќе ги нема Стојанче Стоилов и Де Толедо. Шпанскиот стратег за мечот против француската екипа ќе смета на следните ракометари: Атман, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Гедбан, Горбок, Горпишин, Калараш, Дисингер, Кизиќ, Кристопанс, Кугис, Кукулоски, Шишкарев, Сисошек Пелко и Скубе.