Брегалница од стартот на сезона, тука мислиме на настапот во Купот и трите кола во Втората лига – Исток, па и вчерашниот пријателски меч со Дрита, одигра вкупно пет мечеви. И на сите нив успеа да постигне неверојатни 44 голови или во просек по 8.80 на натпревар. Навистина фрапантни, фасцинантни бројки за клубот од Штип.

Секако дека допрва тешкото доаѓа за Брегалница, но сепак со бројката од 44 голови се уриваат рекорди. Прво со Ново Црнилиште победа од 22:0, потоа со Плачковица беше 4:2, па со Осогово 5:0, против Питу Гули беше 6:0, и вчера на „тестот“ со Дрита, тим исто така второлигаш, но од западната конкуренција, беше 7:0. И кога се ќе се собере тогаш излегува таа  бројка од 44 голови, бројка која некои наши клубови не можат во текот на  целата сезона да ја достигнат. Во недела Брегалница гостува кај Саса. Еве шанса за нова голеада.