После поразот од Финска на отворањето на Европското првенство, Александар Љафтов смета дека нема простор за разочарување.

„Не бараме алиби, едноставно, изгубивме. Фалат натпревари на повисоко ниво. Не смееме да се разочараме, покажавме добра игра. Игравме подобро од нив. Потребна е анализа. Мораме да го заборавиме овој пораз, нема да добиеме ништо ако мислиме на тоа. Утре мораме да победиме. Имаме другарство, единствено тоа ќе биде одлучувачко за дуелот со Турција“