„Два од два“ порази за Македонија на Евро Волеј, а домаќинот на првенството споделил еден факт со селекторот Никола Матијашевиќ, кој тој го пренесе на дел од медиумите на ова ЕП и најави дека се надевам дека нема истото да ни се случи нам.

„Претседателот на Словенечката федерација по мечот ми кажа дека Словенија првата победа на ЕП ја имале на четвртото Европско првенство на кое учествувале. Тоа не може да го објасни поразот, но ако за нешто ми е жал денеска, тоа е третиот сет во кој игравме многу лошо, а противникот толку доминираше… Единствено што можам да се надевам е дека екипата ќе остане компактна, нема да се ’распаднеме’ и со Русија да одиграме што почесно можеме и да се кренеме и физички и морално и да не го чекаме четвртото ЕП за да добиеме еден натпревар“ – изјави селекторот Никола Матијашевиќ.