А. Пандев води со 1:0 по првите 45.минути од првиот меч од 5.коло во ПМФЛ меѓу струмичани и Ренова. Стрелец на голот беше Рајковиќ, кој во 32.минута корнерот на Стоилов го претвори во водство, откако прекрасно шутираше со глава. Домашниот тим на „Младост“ во Струмица, имаше повеќе од играта, имаше и две големи шанси. Ренова пак тргна резервирано, дури откако прими гол како да ја подотвори својата игра.