Русите сосема очекувано ја реализираа и втората победа на европското првенство во Словенија. Сепак, очекувањата беа за тотално доминантен меч против Белорусија, но „зборнаја“ си дозволи да го загуби првиот сет и да го внесе за момент овој натпревар во неизвесни води.

Мотивираните Белоруси кои водеа константно во првиот сет, на крајот успеа да го претворат во предност за себе од 25:23, но во следните три сета, Русија си ја фати работата „здраво“ и успеа прилично лесно да дојде до конечни 3:1 (23:25, 25:17, 25:22, 25:10). Русите се несомнено голем фаворит на ова ЕП и сосема очекувано е групната фаза да ја минат со максимален ефект.