Србија ја оправда фаворитската улога против Чешка во битката за петото место на Светското првенство со 90-81 (20-20, 21-30, 28-12, 21-19). Ова не беше вистинскиот сон на кошаркарите на Александар Ѓорѓевиќ пред стартот на Мундијалот, но по елиминацијата во битката за медал го остварија максимумот.

Главниот збор на теренот го имаше Богдан Богдановиќ, постигна 31 поен од кои седум тројки. Втор стрелец беше Милутинов со 14 поени и седум скока. На другата страна Ауда имаше 16 поени.

Чешка беше на ниво на задачата само во вториот период го доби со 21-30 и имаше двоцифрени 28-38, 30-43 и 33-43. Србија на полувремето намали на 41-50, а по одморот фати ритам, секако благодарение на незаменливиот Богдановиќ, кој беше неверојатен од линијата за три поени.

Позитивата брзо растеше, па на крајот Србите дојдоа до убедлив триумф и со насмевки можат да се вратат во својата земја.

Утре е последен ден од СП, во битката за третото место ќе се сретнат Австралија и Франција, а додека во финалето силите ќе ги одмерат Шпанија и Аргентина.