Кошаркарите на САД го освоија седмото место на Светското првенство и го остварија најлошиот пласман во историјата.

Ова остварување не беше изненадувачко за Коби Брајант, еден од најдобрите играчи во историјата, кој беше амбасадор на Мундобаскетот, тој од лице место ја следи завршницата.

„Не е проблем во што светот ја стига Америка, проблемот е што веќе ја надмина. Дојдовме до точка во која некои мечеви ќе ги добиваме лесно, дел од ќе ги изгубиме. Така оди тоа“, изјави Коби Брајант.

Тој за репрезентацијата на САД играше двапати на ОИ во Пекинг 2008 година и Лондон 2012 година, и во двата наврати освои злато.