Организаторот на играта на националниот тим, Ѓорѓи Ѓорѓиев на утринскиот тренинг, последен пред натпреварот со Русија, ја обнови повредата на стомачните мускули.

Ѓорѓиев пропушти десет дена од подготовките во Маврово поради оваа повреда, а сега се соочи со ист проблем.

Тој од тренинг заврши во болница и работите не изгледаат добри за него. Се чекаат деталните прегледи за да се знае дали ЕП е завршено за него или ќе паузира само денеска.

Селекторот Никола Матијашевиќ ќе остане само со Филип Деспотовски како единствено решение на техничарската позиција, додека Ѓорѓиев од трибини ќе даде поддршка. Можно е и да биде во составот, но да не заигра.

Македонија, попладнево против Русија го игра третиот натпревар од групата Ц на Еуро Волеј во Љубљана.