Големо засилување во футсал тимот на Шкупи во пресрет на главните квалификации во Лигата на Шампионите. Капитенот на репрезентацијата Зоран Левески вчера и официјално беше промовиран во дреспт на нашиот футсал првак. Левески е еден о нашите најдобри футсалџии, до пред некој ден беше и член на Велес.

Секако дека ова е убава вест за сите во таборот на Шкупи, клуб кого од 8 до 11 октомври го очекува квалификацискиот турнир во ЛШ и тоа во Макарска. Ривали се екипата на Ново Време, која е домаќин, потоа Омонија Никозија и Лео од Ерменија.