Она што денеска беше најавувано по дуелот за петото место на Светското првенство доби потврда. Александар Ѓорѓевиќ ја заврши својата мисија како селектор на Србија, која пак не ја исполни целта на овој Мундијал. Да не заборавиме не успеаја ниту пак да заверат место на Олимписките Игри.

Србите беа главни фаворити за освојување на златниот медал на крајот мораа да се задоволат со петата позиција.

„Да, точно е, си одам“, изјавил на прес-конференцијата Ѓорѓевиќ и додаде: Им кажав на играчите. Немаше разговор за продолжување, мое да се повлечам. Знам дека тренерот треба да го направи вистинскиот чекор, чувствувам обврска да го направам тоа. За жал заминувам во момент кога не направив резултат“.