Ливерпул ја обезбеди и петтата сезонска победа во Премиер лигата откако денеска во првиот меч од новото коло на домашен терен славеше над Њукасл со 3:1.

Интересно, гостите го „здрмаа“ Енфилд Роуд откако со голот на Вилемс поведоа уште по 8 минути, но до крајот на полувремето, „црвените“ успеаја да се соземат и да дојдат до целосен пресврт. Со два гола во 28. и 40. минута Садио Мане ги донесе домашните до водство од 2:1 на полувремето.

Во вториот дел Мохамед Салах со гол во 72. минута само ја потврди победата на англискиот вицешампион, кој останува со 100% ефект на стартот на новата сезона во Англија.