Таткото на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, се сретнал со спортскиот директор на МЛС клубот Интер Мајами, Пол Мекдону , пренесоа неколку американски медиуми.

Според информациите, средбата се случила вчера во Лондон. На нега, двете страни разговарале за можната транзиција на 32-годишниот напаѓач во Интер Мајами, клуб кој е во сопственост на Дејвид Бекам и кој од следната сезона се вклучува во најсилното фудбалско првенство на северноамериканскиот континент, МЛС лигата.

Минатата сезона, Меси одигра 50 натпревари за Барселона, на кои постигна 51 погодок и имаше 22 асистенции. Оваа сезона тој нема одиграно ниту еден натпревар, затоа што продолжува да се опоравува од повредата.

Дејвид Бекам пред неколку дена најави дека ќе отпочне разговори со преставниците на Меси и ќе се обиде да ја реализира неговата идеја, Интер Мајами да го донесе во своите редови еден од најдобрите фудбалери на денешницата.