Уште еднаш Елиф Елмас ја искажа сета своја класа. Овојпат дома, пре своите фанови на „Сан Паоло“ во Неапол, каде играше првпат синоќа на мечот со Сампдорија. Неговиот тим победи со 2:0 а „дијамантот“ едноставно со супер издание. Престижната „Газета“ како награда за таквиот настап го прогласи Елмас за најдобар на мечот после Мертенс, и го оцени со седмица.

Тренерот Карло Анчелоти на пресот по мечот имаше само пофални зборови за својот пулен кој беше стартер.

„Елмас покажа квалитет и карактер. Toj е многу динамичен, со него нема да има проблеми во средниот ред. Има мали проблеми во дефанзивата, но тоа ќе се поправи“ рече тренерот на Наполи.

Инаку сите медиуми во Италија го величат изданието на нашиот фудбалер.