Манчестер Сити е поразен на гостувњањето кај Норич со 3:2. Пеп Гвардиола беше бесен по прашањето дали сега неговиот тим е далеку од титулата, откако заостанува пет бодови зад Ливерпул.

„Што треба да кажам сега? Да им ја честитам титулата на Ливерпул? Пет бода се пет бода, ама ние сме во септември. Во ниту еден момент не се сомневам во моите играчи“, рече Гвардиола по поразот од Норич.