Во групата Ц во арената „Стожице“ во Љубљана на Европското првенство главна „фаца“ е кучето Слеш.

Миленикот на асистентот на селекторот на Словенија, Италијанецот Алфредо Валтер Мартилоти, е акредитиран како официјален член на словенечката репрезентација и со тоа има слобода да се движи секаде низ Арената.

Слеш е присутен и на официјалните натпревари и на тренинзите на Словенија и е искучително мирно куче, кое ги почитува правилата и протоколот.

Но, одвреме-навреме знае да се прошета низ главниот терен за да покаже колку е важен и да ги насмее сите во „Стожице“.