Горан Пандев со Џенова го запишаа првиот пораз на домашен терен, Аталанта славеше со 1:2 во трилер-финиш во рамките на третото коло во Серија А.

Капитенот на македонската репрезентација влезе во игра во 82. минута кога резултатот беше 0:1. Следуваше израмнување на 1:1 од пенал во 90+1минута, за да во петата минута од продолжението гостите со супер голот на Запата дојдат до 2:1. Пандев во последните минути од натпреварот заработи жолт картон.

Џенова по третото коло има скор од една победа, реми и пораз, се наоѓа на деветото место на табелата, дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на сите мечеви.