Дербито во групата Б, во која се наоѓа и Вардар меѓу Кил и Келце заврши без победник, Алекс Душебаев постигна гол за 30-30 во последниот напад.

Двата тима одиграа одличен натпревар, во првото полувреме полскиот тим во неколку наврати имаше позитива од два гола, па на полувремето замина со позитива од 14-15.

Одличната ракометна претстава продолжи и во вториот дел. Келце во воведните неколку минути водеше со 15-17, а потоа почна резултатската неизвесност. Душебаев на крајот погоди за голем бод од Кил.

Токму Душебаев со пет гола беше прв стрелец кај Келце, Игор Карачиќ во своето деби во ЛШ запиша два гола од три обиди.

Веспрем, Вардар и Порто се трите тима кои забележаа победи во групата Б во воведното прво коло од новата сезона.