По триумфот на првиот меч (27-23), Куманово не успеа да ја сочува предноста од четири гола, на реванш мечот против Славија Прага е поразен со убедливи 31-24 (14-13) во рамките на првото квалификациско коло во ЕХФ Купот за крај на европскиот сон.

Ракометарките на тимот од Прага доминираа во текот на целиот меч, Симе Симовски и неговите избранички само еднаш успеаја да поведат на мечот со 11-12 во 25. минута, Гичевски, Јанкуловска и Трајковиќ направија серија од 4-0. На полувремето резултатот ветуваше пласман во второто квалификациско коло во ЕХФ Купот (14-13).

Но, по одморот противникот продолжи во силно темпо. Полека ја зголемуваше позитивата, во последните десет минути влезе со водство од 27-22. Не успеа македонскиот првак да се врати, да ја одбрани предноста од првиот меч.

Гичевска и Јанкуловска имаа по осум гола, на другата страна Покорна запиша 10 погодоци.