Попладнево од 15:30 часот се закажани сите натпревари од 4.коло во Втората лига – Исток. Брегалница, која досега играше блескаво и ги „тероризираше“ сите свои ривали, и гостува на Саса. Не само што се очекува нова победа, туку од „сините“ се очекува и нова голеада.

„Одиме по целиот плен во Каменица. Нема од што да се плашиме, секако дека ја респектираме Саса, но нашата цел е јасна, само победа и ништо друго“ вели офанзивецот на штипјани Иван Настевски.

Инаку Тиквеш дома го дочекува составот на Питу Гули, кавадарчани овој дуел мора да го добијат. Дербито се игра во Струмица, максималната Беласица го дочекува силниот Кожуф. Победа пак на свој терен против Плачковица има шанса да освои нови бодови, додека Кит Го во Пехчево против Осогово посакува прва сезонска победа.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА 15:30ч.

САСА – БРЕГАЛНИЦА

ТИКВЕШ – ПИТУ ГУЛИ

КИТ ГО – ОСОГОВО

ПОБЕДА – ПЛАЧКОВИЦА

БЕЛАСИЦА – КОЖУФ