Џефри Камворор успеа да го собори светскиот рекорд во полумаратон и тоа за цели 17 секунди на трката низ улиците на Копенхаген одржана денеска.

26-годишниот Кениец се врати во данската престолнина во обид да го подобри светскиот рекорд од 58:18 минути поставен во Валенсија минатата година од Абрахам Киптум и успеа. Истрча фантастични 58:01 минути и се запиша во историјата на полумаратоните.

Надвор од неговите настапи на Светското првенство во полумаратон, ова беше негова прва трка на оваа делница од ноември 2014 година.