Едно од највпечатливите имиња на денеска завршеното светско првенство во кошарка, беше 39-годишниот Луис Скола. Легендата на аргентинската кошарка, несомнено, беше двигател на овој состав кој успеа да стигне изненадувачки до големото финале. По поразот од Шпанија, запрашан дали ова е неговиот последен меч во дресот на Аргентина, вели:

„Не сум го кажал тоа досега. Ако ме прашате дали ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата, јас навистина не знам. Немам идеја што носи утре. Може да се повредам и никогаш повеќе да не заиграм, може само да решам и да заминам во пензија. Но тоа ќе биде моја одлука. Сега нема да кажам ништо, па дури и да се каже дека ова беше мојот последен натпревар за Аргентина ” .

Луис Скола го  заврши турнирот како најкорисен и најефикасен играч на Аргентина, но и најдобар скокач со 18,8 индексни поени, или просечно 17,9 поени и 8,1 скок по натпревар!