За жал, Еурофарм Работник нема да игра пред полни трибини, како на времето Пелистер.

Битолскиот тим во дебито во најелитното европско клупско натпреварување ќе се сретне со Спортинг, противник кој за фановите најверојатно не е доволно актрактивен. Капацитетот е половично исполнет, на трибините има околу 1.200 навивачи.

Но, тие што се дојдени се доволно гласни да им помогнат на ракометарите со победа да ја отварат ЛШ.