Нејмар беше стрелец на единствениот гол за ПСЖ во триумфот против Стразбур, и тоа со ножички. Меѓутоа наиде на непријателска атмосфера откако голем дел од навивачите го исвиркуваа, поради фактот што пред сезоната истакнуваше дека сака да оди во Барселона.

„Веќе играв на непријателски стадиони и во Бразил и во Франција на гостувањата. Дури ова беше и тивко, очекував погласно да ме свиркаат. Знам како им е, затоа што знам што се случи. Но, јас не можам да им го одземам правото да свиркаат“, рече Бразилецот.