Македонија и Црна Гора се двете репрезентации кои дебитираат на Европското првенство 2019, но за разлика од нашиот национален тим кој ја чека првата победа во Љубљана, Црногорците веќе испишаа историја.

Црна Гора со 3:0 (25:23, 30:28, 25:23) славеше против Естонија во рамките од 2. коло во групата Д во Ротердам. Марко Бојиќ беше главниот предводник на Црногорците, кој мечот го заврши со 18 поени.

Црна Гора сега испиша нова историја и во ЦЕВ, со оглед на тоа дека Словачка во 1997 година е последната земја која можеше да се пофали со дебитантска победа.

Од она што е сигурно во досегашните три дена на Еуро Волеј е дека бранителот на титулата Русија со победата од 3:0 над Македонија обезбеди пласман во осминафиналето, а истото се однесува и за Бугарија, која со 3:1 ја победи Португалија во групата А.